Кеган стратегии за кооперативно учење (Kegan strategies for cooperative learning)
Што се Кеган стратегиите?
Стратегиите се едноставни стратегии со чекор - по - чекор инструкции. Повеќето од стратегиите се дизајнирани да ја зголемат инволвираноста и соработката на учениците. На пример, едноставна Кеган стратегија е „Размена“ (RallyRobin). Наместо наставникот да повикува еден ученик да даде одговор на поставено прашање/задача, тој ги повикува сите учениците одеднаш да соработуваат со помош на инструкцијата: Свртете се кон вашиот партнер и Разменувајте (RallyRobin). За време на „Размената“ (RallyRobin), учениците разменуваат мислење/одговори најизменично. Друга ваква стратегија е „Тајмирано споделување во парови“ ( Timed Pair Share) каде што секој од партнерите од парот споделува наизменично во ограничено време, на пример 1 минута.
Она што е важно за овие две стратегии е времето, односно во традиционалниот час наставникот за тоа време би повикал неколку ученици да дадат одговор (секој поединечно), додека при користењето на овие стратегии, секој ученик во одделението би дал неколку одговори и со ова секој ученик е активно инволвиран во часот. Во традиционалниот облик на работа, би било потребно потребно околу 1 час за секој ученик да зборува 1 минута, бидејќи наставникот го поставува прашањето, ученикот одговара на истото, потоа наставникот дава повратна информација за одговорот на ученикот (со соодветна корекција или пофалба). Во оваа ситуација, вообичаено се јавуваат едни исти ученици и многу од учениците ретко партиципираат. Со примена на овие две стратегии, од друга страна, бидејќи сите ученици одговараат во исто време, потребно е само 2 минути (секој ученик од парот да добие 1 активна минута за одговарање) и не одговараат само оние кои вообичаено се јавуваат, туку учлествуваат сите ученици од одделението. Со ова се зголемува нивото на инволвирање на сите ученици.
Постојат преку 200 Кеган стратегии. Некои од нив се дизајнирани да инволвираат и да развијат специфични начини на размислување, други да инволвираат и да развијат специфични социјални вештини, други да развијат различни интелегенции, итн.
Кои се основните принципи на Кеган структурите?
1) Се промовира тимската работа;
2) Секој ученик е одговорен за нивниот индивидуален придонес;
3) Сите ученици подеднакво учествиваат; и
4) Повеќето од учениците се инволвирани истовремено.
Кој е принципот за составување на тимовите? Како се афектирани надарените ученици? Како се афектирани послебите ученици?
Тимовите се составени од ученици со различни способности за да се зголеми до максимум соученичкото подучување и позитивното пример. Се препорачуваат тимови од 4 ученици, составени од надарени ученици, солидни ученици, просечни ученици и послеби ученици за секој тим.
Преку кооперативните стратегии и надарените ученици и послебите ученици постигнуваат повеќе отколку кога работат самостојно. Кога ги употребуваме стратегиите, надарените ученици повторно постигнуваат високи академски постигнувања, но се здобиваат и со соодветни социјални вештини и ги развиваат карактерните позитивни особини кои вообичаено не би ги развиле кога работат самостојно. Послабите ученици добиваат соученичко охрабрување, подршка и подучување како и директна повратна информација. Кога работат самостојно тие можат да учат погрешно. Кога работат со други тие имаат директна корекција од своите соученици. Токму послабите ученици се тие кои покажуваат најдраматични придобивки кога се спроведува кооперативното учење.
Дали овој пристап на работа преставува подполнително оптоварување за наставниците? Кои се придобивките на наставниците?
Преставува дополнителна работа да се научат стратегиите, но откако наставниците ќе ги научат стратегиите, предавањето станува многу полесно. Наставникот во традиционалниот принцип на работа зборува поголем дел од времето за време на часот и е „највредниот“ учесник во одделението. Со примена на стратегиите ова се менува. Наставникот се уште дава инструкции, но потоа ги упатува учениците да работат во тимови, и со ова тие зборуваат и работат во погелемиот дел од часот.
Кои се придобивките за учениците?
Основните придобивки на кооперативното учење, документирани со многубројни истражувачки студии, вбројуваат зголемено академско постигнување, подобрени социјални вештини и социјални врски, подобрени вештини на размислување, намалени дисциплински проблеми, подобрена самодоверба и намалување на „јазот“ помеѓу надарените и послабите ученици - не со назадување на надарените ученици туку со напредокот на послебите ученици.
Во продолжение ќе ги разгледаме најчесто користените Кеган стратегии
Часовите на кои се применуваат кооперативните стратегии можеби да изледаат бучни кога би поминале низ ходниците на училиштето, но во коопереативните училници ова значи учење. Погледнете еден пример на примена на Кеган стратегијата „Дискусија во парови“ (во овој случај паровите се наоѓаат во тимови составени од 4 члена).
Во следното видео учениците ја применуваат Кеган стратегијата „Прашање-Прашање-размена“ (Quiz Quiz Trade). За време на оваа активност учениците се движат низ училницата поставувајќи прашања и пофалувајќи ги соучениците. Во било кое време од активноста 50% од учениците се активни. Оваа стратегија може да се користи за математика, природни науки, социјални науки, читање, пишување, и животни вештини (градење на тимска работа).
Во ова видео учениците вежбаат интерпукција, користење на големи букви и спелување. Прашањата се прашања со повеќечлен одговор.
Во следното видео учениците работат во тим, одговараат прашања и ја проверуваат работата едни на други. Во било кое време од активноста 100% од учениците работата на одговарање на прашања. Потоа учениците ќе ги споделат одговорите со другите и ќе го дискутираат точниот одговор. Во ова видео може исто така да се забележи како учениците се пофалуваат едни со други за добро завршената работа.
Следната стратегија е стратегијата „Избери картичка“ и е најдобра за користење за тим од 4 ученици. Групите се хетерогени. За време на оваа активност 25% од учениците во одделението активно одговараат на прашања додека останатите ученици во групите пофалуваат или подучуваат. Оваа структура може да се користи за секоја област.
Следното видео ја прикажува стратегијата „Здружени глави“. Учениците се поделени во тимови и секој ученик од тимот има своја број. Наставникот го поставува прашањето за сите ученици. Секој ученик прво го запишува индивидуално својот одговор, а потоа учениците од тимот ги „здружуваат главите“ и ги дискутираат своите одговори додека сите во тимот не се согласт за точниот одговор.
Наставникот потоа повикува еден број (пример бр.1) и сите ученици со бројот 1 од сите групи стануваат и истовремено го кажуваат одговорот на прашањето. Останатите ученици од тимот го пофалуваат ученикот кој го кажува одговорот.
Предноста на примените на Кеган стратегиите во наставата не е само академска. Истите се покажале многу корисни за градење на тимската работа и зголемување на соработката меѓу учениците. Токму заради оваа карактеристика истите се корисни и како стратегии кои би можеле да се користат во работилници со ученици за намалување на насилствата во училиштата.
Подолу можете да најдете мал прирачник со дополнителни Кеган стратегии кои можете да ги примените на вашите часови. (прирачникот е на англиски)
kagan_strats.pdf | |
File Size: | 104 kb |
File Type: |