Македонските наставници зачекорија по црвениот тепих
Напорите на ПЕП за поттикнување на различните начини на професионален развој на наставниците, резултираа со серија обуки низ целата земја, на кои повеќе од 750 наставници се запознаа со видеото како медиум за споделување на добри наставни практики, за самооценување и оценувањето на колеги како и зајакнувањето на он-лајн соработката. УСАИД обезбеди 165 флип камери за училиштата во Македонија.
Активноста за снимање на добри наставни практики започна како пилот проект за 42 наставници кои ја посетија обуката на ПЕП за користење на флип камера. Обучените наставници започнаа со дисеминација на знаењето меѓу останатите колеги и така се достигна бројката од 750 обучени наставници. Како резултат на обуките, наставниците создадоа богата колекција на снимени наставни часови кои ги споделуваат со другите колеги преку Заедницата за размена на искуства на Фејсбук - School Video MK.
Но, оваа активност беше однесена и чекор понапред – ПЕП ја поддржа идејата на наставниците да се организира настан на кој наставниците ќе добијат можност да ја покажат нивната работа и креативност во користењето на флип камерата и да го споделат нивното искуство со други училишта од други делови на државата.
ПЕП Филмскиот фестивал, прв настан од ваков вид организиран во земјата, се одржа на 6 јули во Кинотека на Македонија. Повеќе од 250 наставници, високи претставници и гости зачекорија по црвениот тепих и присуствуваа на Фестивалот. Директорот на УСАИД мисијата во Македонија, Роберт Вурц и министерот за информатичко општество и државна администрација, Иво Ивановски, се обратија на публиката.
,,Технологијата игра важна улога во образованието, особено во обезбедувањето пристап до информации и подготвувањето на учениците за професиите на иднината. Користењето на технологијата од страна на учениците зависи од способноста на наставниците да ја интегрираат технологијата во нивната настава. Овој филмски фестивал е доказ дека наставниците во Македонија веќе ја имаат таа способност,” рече директорот на УСАИД мисијата, Роберт Вурц.
Од вкупно 147 видеа кои пристигнаа во последните дваесеттина дена , беа избрани и прикажани деветнаесет. Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници ширум ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици.Ставајќи се во улога на актери, сниматели, монтажери и режисери, нашите наставници широко ги отворија вратите на нивните училници, дозволувајќи ни да влеземе и ѕирнеме во нивното шаренолико секојдневие кое заеднички го креираат со нивните ученици.
По прегледувањето на сите видеа, публиката го избра својот фаворит - видеото: ,,Како птиците си прават гнездо” снимено и изрежирано од Весела Богдановиќ, наставничка во прво одделение во ОУ ,,Кочо Рацин” с. Ивањевци, општина Могила. ПЕП Филмскиот фестивал беше можност за промоција на работата на Весела, наставничка, која доаѓа од мала, рурална средина, и која доби шанса да ја претстави својата исклучителна работа и истовремено да ги види новите наставни практики прикажани од нејзините колеги од целата земја.
Текстот е предземен од веб страната на ПЕП.
На следниот линк можете да ги видите сите 147 видео записи кои учествуваа на Филмскиот фестивал:

- http://www.pep.org.mk/en/film/film.html